Македонија

Енормно загаден воздухот во Скопје

16. декември 2013 - 10:53 | Kајгана/Макфакс

Загаденоста на воздухот во Скопје на некои места достигнува повеќе степени над дозволеното, а градските власти викендов прогласија мерки од прв степен и препорачаа граѓаните да не излегуваат без потреба и да користат јавен превоз.

Последните мерења покажале дека концентрација на честичките со дијаметар помал од 10 микрометри го урнале скопскиот рекорд зимава достигнувајќи 900 микрограми на кубен метар воздух, а среднодневната концентрација во саботата на оваа мерна станица изнесуваше фрапантни 494 мцг/м3.

Часовните концентрации на ПМ10 во Центар и во Kарпош достигнуваа до 600 мцг/м3, а среднодневната концентрација на овие места изнесуваше 303 мцг/м3. За заштита на човековото здравје таа не смее да надмине 50, што значи дека постојано, со секој здив скопјани дишат воздух до неколкупати позагаден од безбедните концентрации.

Причина за ваквото загадување е индустријата, сообраќајот и греењето на дрва. Од УХМР предупредуваат дека ситуацијата до Нова Година би можела да биде застрашувачка поради недостигот на ветер и проветрување на загадениот воздух.

Коментирај