Планетарно популарниот шпански пејач Енрике Иглесијас објави нов сингл „El Bano“, и најхрабриот и најпровокативниот спот досега.
На новиот сингл ги здружија силите еден од најуспешните светски изведувачи Енрике Иглесијас, и раперот Бед Бани кој допрва ја гради својата кариера.
Резултатот е несомнително уште една возбудлива и заводлива песна која ќе стане голем хит ширум светот.
Синглот го следи подеднакво атрактивен видео-спот, кој Енрике го снимил во Лос Анџелес и Мајами, а режисерот Максим Бохичик се потрудил спотот да изгледа како филм.
Во спотот се појавува актерот Ерик Робертс, додека релативно непознатата акерка Пољана Уруена глуми девојка во која е вљубен Енрике.
Треба да се спомене дека ова е досега најголем, најхрабар и најпровокативен спот на Енрике Иглесијас.
Енрике моментално работи на музика кој ќе се најде на неговиот 11 соло албум, чие излегување се очекува во текот на годината.