Netflix ги откупи правата на библискиот епски филм Mary, чијашто премиера ќе биде прикажана на крајот на оваа година, пренесува Variety. Двократниот оскаровец Ентони Хопкинс ќе ја игра една од главните улоги во филмот.
Филмот го режираше Ди Џеј Карузо, кој работеше на Disturbia, Eagle Eye и XXX: Return of Xander Cage, а го напиша сценаристот на BirdsEye, Мајкл Хејс.
Mary е приказна за растењето на Дева Марија која е исфрлена од општеството по нејзиното чудесно зачнување. Била принудена да се крие откако кралот Ирод започнува смртоносна потера по нејзиниот новороден син Исус. Марија и нејзиниот сопруг Јосип по секоја цена се обидуваат да му го спасат животот на синот.
Марија во филмот ја толкуваше Ноа Коен, а нејзиниот сопруг Јосип го играше Идо Тако. Хопкинс го игра кралот Ирод. Во споредните улоги се Мила Харис, Стефани Нур, Сузан Браун, Керен Цур, Ори Фафер, Гудмундур Торвалдсон, Хила Видор, Дадли О'Шонеси, Еман Фарен, Џејд Кроот, Чарли Бун, Келси Луис и Џеј Вилик.
Филмот е продуциран од Мери Алое, Хана Лидер, Џилијан Хормел и Џошуа Харис.