Фудбал

ЕП 2020: Македонија освои бод на гостувањето кај Словенија

25. март 2019 - 8:30 | МИА

Љубљана, 24 март 2019 (МИА) – Репрезентацијата на Македонија ремизираше 1:1 против Словенија на гостински терен во второто коло од квалификациите за ЕП 2020.

Миха Зајц во 34-тата минута донесе водство за Словенија, додека Енис Барди со убав гол во 47-та минута го израмни резултатот.

По првите две одиграни кола во квалификациите Македонија има четири бода. Во следното коло, кое на програмата е на 7 јуни, ќе играме на домашен терен против Полска.

Група „Г“:

1. Полска 6

2. Израел 4

3. Македонија 4

4. Словенија 2

5. Австрија 0

6. Летонија 0.

Коментирај