Свет

Епидемија на морбили во Њујорк каква што не е видена 25 години

22. април 2019 - 18:25 | МИА

Њујорк, 22 април 2019 (МИА) – Епидемијата на морбили во американската сојузна држава Њујорк достигна ниво какво што не е видено во САД во последните 25 години.

Официјалните лица соопштија дека минатата недела е забележан 71 нов случај на морбили, од кои 68 во Њујорк.

Во САД од почетокот на оваа година се регистрирани 626 случаи на мали сипаници, додека во 1994 година е забележан рекорд кога имало 963 заболени.

Морбили се забележани во 22 американски сојузни држави, но повеќето случаи се пријавени во државата Њујорк, односно во нејзиниот главен град и во округот Рокленд.

Најголем број случаи се регистрирани меѓу невакцинирани лица во еврејските ортодоксни заедници.

Коментирај