Епидемија на сифилис ја стопираше порно индустријата

Голем број на актери и актерки престанаа да работат од страв да не се заразат со оваа сексуално пребнослива болест која се рашири низ Европа.

Епидемија на сифилис која се рашири низ Стариот континент можеби конечно ќе ги убеди британските порно ѕвезди да се обединат - на професионален план - откако сравот да не се фати болеста поради недостатокот на безбедносни стандарди во оваа индустрија ги натера некои да престанат со работа. Ова го откри поранешната порно актерка, а сега секс едукаторка, Лиан Јанг, говорејќи за The Independent.

Јанг зборувала со осум актери и актерки во порно индустријата кои одлучиле работата да ја стават во мирување поради епидемијата на сифилис. Таа потенцира дека тие „губат многу пари“ и дека би било подобро доколку за нивните грижи и барања би преговарале како колектив.

„Луѓето бараат синдикат веќе неколку години“, рече таа додавајќи дека била и во контакт со Алана Еванс, претседателка на американската унија Adult Performance Artists Guild, со цел нешто слично да се создаде и во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Синдикатот може да помогне да се заштитат професионалните актери од несмасно направени задолжителни тестови за сексуално преносливи болести. Американските и европските порно ѕвезди се тестераат на неделно ниво или во најлош случај еднаш во 14 дена, додека британските актери и актерки се самите одговорни за тестирањата и тоа само еднаш во 28 дена. Синдикат би можел да ги заштити и од непрофесионални актери кои одбиваат да пропуштат добра дневница само поради тоа што се заразени со некоја болест.

Засега не е познато колку текновата епидемија на сифилис е раширена низ Европа, а Јанг инсистира дека ситуацијата е „многу загрижувачка“ и дека „може многу брзо да се шири“.

„Порно ѕвездите се вистински човечки суштества“, рече таа за The Independent, поотенцирајќи дека „мора да постои синдикат за да биде мост на поврзување помеѓу Англиското јавно здравство и полицијата“. Поради епидемијата таа постојано е во контакт со јавната установа околу дневните извештаи и статистики, а но како што странските организации известуваат, таквите извештаи на Островот не се доволно детални.

ПАСС, базата на податоци на сертификати за сексуално здравје за порно актери и актерки во САД добила информации за мноштво позитивни тестови на сифилис кај европските порно ѕвезди, но не е во можност да направи нешто освен да упати јавно предупредување на глобално ниво. Тестирањето за сифилис во Евртопа „не е стандардизирано“ и ПАСС официјално не може да работи на континентот, така што нема начин за организацијата „да ја знае целосната експанзија или уште нови случаи“, или да наметне привремена забрана за работа доколку некој актер е откриен дека е позитивен.

Како и да е, и синдикат за порно ѕвездите не е гаранција за епидемија на сифилис. Америакнскиот центар за контрола на болести минатиот месец откри дека случаите на сифилис во земјата минатата година пораснале за дури 26%.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе