Епидемијата не ги предомисли читателите, со почитување на мерките и на отворено годинава задоволителна посетеност на Саемот

Состојбата со коронавирусот годинава беше причина првпат Саемот на книгата да се одржи на отворено. На организаторите кои првпат се соочуваат со ваква криза не им беше лесно да организираат еднонеделен Саем, со оглед на тоа што не очекуваа посетеноста да биде голема. Сепак, на нивно задоволство посетителите се појавија во задоволителна бројка и максимално ги почитуваа мерките за заштита од вирусот. На самиот влез на Саемот на сите кои влегуваат најпрво им се мери телесна температура, а поставени се и средства за дезинфекција. Додека екипата на МИА беше во посета на саемот забележавме дека сите посетители носеа заштитни маски.

На самиот почеток, од десна страна наидовме на штандот на издавачката куќа АрсЛамина каде се запознавме со младиот Душко Трифуновски, вработен во оваа куќа и автор на делата „За 30 дена…овојпат“, „Слана“, „За два дена рече ДА“.

Трифуновски е среќен што и покрај пандемијата, издавачите повторно се кренаа на нозе и го организираа настанот. Посетеноста како што рече, е прилично голема, а доаѓаат и одредени групи кои редовно секоја година го посетуваат Скопје и Саемот.

-Годинава сме среќни што и покрај пандемијата, целиот проблем што настана повторно како издавачи сите успеавме да се кренеме на нозе на некој начин да се организира настан кој повторно ќе биде по теркот на изминатите саемски години, да не изостанеме и оваа година, вели тој во разговорот за МИА.

Според издавачите, фокусот годинава најмногу е ставен на македонските автори, а нивните книги се со добри попусти.

-Претпоставувам дека и кај другите издавачи како и кај нас, фокусот е ставен на македонските автори пред сè, но секако не е пропуштена можноста читателите да се снабдат со добри книги и со добри попусти како и секоја година, рече тој.

Со оглед на состојбата со корона кризата, и знаејќи дека Саемот се организира на отворено во мал простор со помал број на луѓе, Трифуновски ни призна дека за самите организатори ова претставувало проблем, но како што подвлече „кога го правите она што го сакате, не работите ниту еден ден“.

Трифуновски појасни дека секоја година е истиот напор, истиот ангажман, а така ќе биде и следната година.

-Можеби за организаторите беше проблем да се организира настанот годинава бидејќи се знае колкав е просторот, колкав број луѓе може да има и колкав број на издавачи смеат да учествуваат годинава, но ние како издавачи мислам дека напорот е помал за разлика од претходните години бидејќи многу луѓе сме вклучени оваа година во организација, сè ни е веќе познато, искуството си доаѓа само по себе. Имаме голем број на автори и уредници кои се вклучени во продажба и во организација, во достава, во подготвување на целиот овој процес, рече тој.

Во однос на посетеноста, Трифуноски ни кажа оти е задоволен, а викендов се очекуваат најмногу посетители. Викендов има и голем број на промоции, меѓу кои е и Тошо Малерот годинава со неговата книга, Јана Мишо со „Јас сум МИА“, „МИА во Амстердам“ – книги и автори кои се веќе познати на читателите и поради тоа Саемот ќе биде посетен во голем број.

Го прашавме колку посетителите ги почитуваат мерките за заштита, а Трифуновски ни објасни дека токму поради фактот што почитувањето на мерките беше еден вид услов за одржување на Саемот, мерките едноставно не може а да не се почитуваат. Но, и облекувањето годинава се одвива во посебен кодекс. Поради тоа што Саемот се одржува на отворено, писателот ни објасни дека генерално сите доаѓаат облечени во светла и лесна облека.

Попустите што ги нуди издавачката куќа АрсЛамина се од 20 до 70 проценти, а има и наслови кои се на 80 проценти намаление, ова како што додаде Труфуновски, не е малку за да можат луѓето да си го гледаат и паричникот.

По неколку минути го завршивме разговорот со писателот и му посакавме успех во работата. Веднаш потоа застанавме до штандот на издавачката куќа Антолог, која несомнено нудеше добар избор на наслови за секоја возраст. Откако почнавме да ги разгледуваме понудените книги, пријатно не поздрави девојката која е одговорна за маркетинг секторот во издавачката куќа Антолог, Софија Стојков.

Според неа посетеноста на Саемот е задоволителна, и покрај ситуацијата со коронавирусот. Ни откри кои се најбараните жанрови на книги – трилерите, со што се исполниле и нивните очекувања.

-Вака реално и покрај целата ситуација бидејќи ова е прв корона Саем на книга, посетеноста е задоволителна и морам да признаам онака како што беа и нашите очекувања, најмногу се бараат, читаат и се разбира најмногу се продаваат трилерите, за нијанса нешто помалку се продаваат љубовните романи па понатаму оди популарната психологија, меѓутоа кај нас конкретно трилерите сега се најактуелни, ни посочи Стојков.

Со оглед на ситуацијата има посета и од другите градови, нешто што реално, како што вели таа, не очекувале и кое не било првично замислено.

-Така што јас мислам дека сè на сè комплетна слика е дека треба да бидеме задоволни, претсојниот викенд се чека уште поголема посетеност особено за оние кои се надвор од Скопје. Така што верувам дека нема никој да си замине од изложувачите незадоволен оваа година, вели Стојков во разговор за МИА.

Мерките, вели, одлично се почитуваат затоа што за сите кои не почитуваат постојано шета обезбедување во саемскиот простор.

– Дури имаше и полиција првите денови кои ги опоменуваа граѓаните и ги потсетуваа дека треба да се придржуваат кон протоколите. Еве јас сум на пример цел ден со маска, постојано сум со средство за дезинфекција, не ме обврзува дека морам да работам со ракавици, морам да признам дека 99 отсто од посетителите кои доаѓаат, доаѓаат со маски и секој најнормално се придржува до протоколите, до оние првични насоки како треба да се заштитиме, наведе Стојков.

Забележавме дека голем дел од посетителите кои ги сретнавме на Саемот ги почитуваа мерките носејќи заштина маска и држејќи колку-толку одредено растојание.

-На Саемот дојдов да си купам некоја интересна книга и да видиме што ќе понудат оваа година, кои се издавачи. Најмногу читам трилери од „Сакам книги“, а последната книга што ја прочитав беше „Алекс“. Мерките во голема мера се почитуваат, мерат температура на влезот, гледам дека сите носат маски, се почитуваат, рече една читателка.

Саемот на книгата ќе трае до 14 септември. На него се претставуваат повеќе од 40-тина издавачки куќи со најновите изданија. Саемот се одржува под слоганот „Замисли еден поинаков поглед“.

реклама

Зошто коронавирусот е толку опасен за човечкиот организам?

Read more

Осум знаци кои укажуваат на недостаток на витамин Д во организмот

Read more

Германија затвора сè, освен градинките и училиштата

Read more

Храна која е богата со витамин Д

Read more

Култура

Промовирана монографијата „30 години Театар за деца и младинци – Сон што трае“

Read more

Врачени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство за 2019 година

Read more

Лидија Димковска: За градење мостови меѓу народите кои живеат на исто тло и во исто време, никогаш не е и не смее да биде доцна

Read more

Крушево: Почит, сеќавање и ново спомен обележје за Тоше Проески

Read more

Вести

Груби до Ангелов: Историјата не треба да ја држи иднината во заложништво

Читај повеќе
  • play_arrow

Се буди вулканскиот масив на Камчатка

Читај повеќе

Носењето маска на отворено ќе стане задолжително и со закон, а групирањата се ограничуваат

Читај повеќе

Шахпаска: Се следи состојбата во градинките, засега e под контрола

Читај повеќе

Позитивен наставник на коронавирусот изолира колега и 22 ученика во Кавадарци

Читај повеќе
  • play_arrow

Продолжуваат протестите поради рестриктивните мерки во Берлин, протест и во Прага

Читај повеќе

Позитивните ги кријат своите контакти, велат од ЦЈЗ Куманово

Читај повеќе

Советот за безбедност утре ќе расправа за состојбата со COVID-19

Читај повеќе

Два нови македонски брендови кои целат кон светскиот пазар

Читај повеќе