Епизода од „The Simpsons“ забранета во Кина поради горчлива шега

Обожавателите забележаа дека една епизода од „The Simpsons“, која прикажува сцена на плоштадот „Тјенанмен“, недостасува од Disney+ во Хонгконг.

Во епизодата „Goo Goo Gai Pan“ од 2005 година семејството Симпсон патува во Кина за да посвои бебе. Тие застануваат на плоштадот „Тјенанмен“ во Пекинг, каде што се појавува натпис кој во серијата гласи: „На ова место, во 1989 година, ништо не се случило“.

Станува збор за горчлива шега за познатиот настан од 1989 година кога на плоштадот со месеци се собираа продемократски демонстранти. Според неколку извештаи, таа 12-та епизода од 16-тата сезона на серијата „The Simpsons“ не е достапна на Disney+ за клиентите во Хонгконг.

Ниту Disney ниту Кина не одговорија на барањето на CNN за коментар зошто епизодата не е достапна. Не е јасно дали Кина ја блокира епизодата или од Disney одлучиле да не ја нудат на тој пазар.

Remote video URL

Канцеларијата за трговија и економски развој во Хонгконг во соопштението објавено од The New York Times вели дека нејзината неодамна донесена уредба за цензура се однесува на филмовите, a на стриминг platformite, како што е Disney+.

Кина редовно ги цензурира медиумите, а компаниите кои работат во земјата се принудени да ги цензурираат резултатите од пребарувањето за кинеските корисници - особено фотографиите и информациите за демонстрациите на плоштадот „Тјенанмен“ и убиствата што следеа.

Кинеската влада работеше напорно за да ги ограничи фотографиите и извештаите од настанот во 1989 година, сметајќи ги како закана за легитимноста на нејзиното континуирано еднопартиско владеење.

Многу луѓе беа убиени на тој 4 јуни 1989 година на плоштадот „Тјенанмен“. Проценките за бројот на загинати се движат од неколку стотици до неколку илјади. Масакрот се најде на насловните страници ширум светот, пишува CNN.

реклама

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Read more

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Read more

Каде беше досега Џек Ма?

Read more

Ирина Шајк, поздрав од одмор

Read more

Филм & ТВ

Модерни романтични комедии на Netflix кои вреди да ги погледнете

Read more

Хари Стајлс и Емили Ратајковски фатени на дело во Токио

Read more

Официјален трејлер за мини-серијата Transatlantic

Read more

Адам Сендлер ја задева Џенифер Анистон поради нејзиниот „ужасен вкус за мажи“

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Модерни романтични комедии на Netflix кои вреди да ги погледнете

Читај повеќе
  • play_arrow

Хари Стајлс и Емили Ратајковски фатени на дело во Токио

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за мини-серијата Transatlantic

Читај повеќе

Адам Сендлер ја задева Џенифер Анистон поради нејзиниот „ужасен вкус за мажи“

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Бијонсе и Adidas ја прекинaa соработката

Читај повеќе
  • play_arrow

Софија Вергара и Хајди Клум - жешка комбинација

Читај повеќе

Лејди Гага како Харли Квин на сетот на Joker: Folie à Deux

Читај повеќе
  • play_arrow

Финален трејлер за филмот Knights of the Zodiac

Читај повеќе