НАЈВАЖНОТО ОТКРИТИЕ ПО ГРОБОТ НА ТУТАНКАМОН

Епохално откритие: Археолозите го најдоа „Златниот град“ во Египет

Египетските археолози во пустината во близина на Луксор открија остатоци од древен град од златното доба на фараоните за кој тврдат дека е „најголемиот“ пронајден во Египет досега.

Познатиот египтолог Захи Хавас го објави откривањето на „Златниот град“ изгубен под песокот кај Луксор, во легендарната Долина на кралевите.

„Градот е стар 3.000 години, датира од времето на владеењето на Аменотеп III, а таму живееле и фараоните Тутанкамон и Аи [познат и како Ај]“, рече археологот во изјавата, истакнувајќи дека ова е „најголемиот древен град“ откриен во Египет.

Бетси Брајан, професор по египетска уметност и археологија на Универзитетот Џонс Хопкинс, тврди дека ова е второто најважно археолошко откритие во Египет, по откривањето на гробот на Тутанкамон.

Пронајдени се и накит, украсена грнчарија, амајлии и исушени цигли со печатот на Аменотеп III.

„Многу странци го бараа овој град и не го најдоа“, рече Хавас.

Ископувањата започнаа во септември 2020 година помеѓу храмовите на Рамзес III и Аменотеп III во Луксор, околу 500 километри јужно од Каиро.

„По неколку недели, на големо изненадување на археолозите, градби од тули почнаа да се појавуваат во сите правци“, додаде Хавас.

По седум месеци ископувања беа откриени цели населби, административни и станбени.

„Откриен е голем град во одлична состојба, со скоро цели ѕидови и простории полни со алатки од секојдневниот живот.“

Гробови полни со богатство

Аменотеп III наследил империја која се протегала од Еуфрат во денешен Ирак до Сирија и Судан. Починал околу 1354 година п.н.е.

Тој владеел скоро четири децении и бил познат по градењето грандиозни зданија и споменици, вклучувајќи ги и колосите на Мнемон, две џиновски монолитни фигури на тронот што ги претставуваат него и неговата сопруга.

„Археолошките слоеви останале недопрени илјадници години, небаре древните жители ги напуштиле вчера“, велат археолозите.

Откритието ќе даде редок увид во животот на древните Египќани во време кога кралството било најбогато.

Откриени се и влезови во гробници врежани во карпите, слични на оние пронајдени во Долината на кралевите и се очекува да бидат полни со скапоцености.

Египетските власти минатата недела ги преместија мумифицираните остатоци на 18 древни кралеви и четири кралици од стариот и тесен музеј во центарот на Каиро во нов во предградие на градот. Во поворката наречена „Златна парада на фараоните“ беа остатоците од Аменотеп III и неговата сопруга, кралицата Тија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе