ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ПАРИЗ 2024

Епски меч на ракометниот турнир: Германија ја искористи глупоста на Мем и ја елиминира Франција

Германските ракометари се пласираа во полуфиналето на Олимписките игри откако по продолженијата го совладаа домаќинот Франција со 35:34, а во регуларниот дел натпреварот заврши 29:29. Овој натпревар беше последен во кариерата за великанот на светскиот ракомет, Никола Карабатиќ.

Франција и Германија одиграа натпревар што долго ќе се прераскажува. Ќе се потенцира нереалната партија на францускиот голман Венсан Жерар, брилијантната игра на 22-годишниот натурализиран Германец (Латвиец) Ренарс Ушчинс и глупоста на Дика Мем.

 

Германците од работ на безбдната се вратија во мечот, изборија продолженија и на крајот победија со голот на Ушчинс на 5 секунди до крајот. Во последниот напад, Давид Шпет го одбрани ударот на Валентан Порт.

Дика Мем и Јулиан Кестер

А, Германија избори продолженија, откако Мем ја направи најголемата глупост во кариерата, на 6 секунди до крајот лошо ја уфрли топката, Јулиан Кестер ја украде, а Ушчинс го совлада Жерар.

 

Претходно Франција доминираше 40 минути, благодарение на голманот Жерар и Мем. Имаа Французите предност од 20:14 во 32. минута, но упорните Германци со две серии од 4:0 и 5:1 го презедоа водството (26:25) на 5 минути до крајот.

Венсан Жерар

Жерар на голот на Франција одбрани 20 удари и 3 седмерци, Мем постигна 10, а Иго Деска 8 гола. Кај Германија, Ушчинс постигна 13 голови, Јоханес Гола и Зебастиан Хејнман по 6, а Јури Кнор 5. Голманот Шпет блескаше со 14 одбрани.

Remote video URL

Во полуфиналето покрај Германија претходно пласман избори и Шпанија која, исто така, на продолжение го победи Египет со 29:28. Денеска играат уште Данска - Шведска (17:30) и Норвешка - Словенија (21:30).

реклама

Никол Шерзингер отпатува на Хаваи, позираше во бикини и покажа завидна фигура

Read more

Од имиграција до пол: Што потпиша Доналд Трамп во првите часови од неговиот мандат

Read more

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Трамп вети дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа: Имам уште половина ден да го направам тоа

Read more

Ракомет

Фер-плејот не е мртов: Де Варгас спречи судијата да му покаже црвен картон на противникот

Read more

ИХФ го смени распоредот, Македонија ќе игра двапати на ручек

Read more

Почнуваат зимските пријателски: Календар на натпревари на македонските клубови

Read more

Македонија и Бразил сензација на стартот на Мундијалот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Фер-плејот не е мртов: Де Варгас спречи судијата да му покаже црвен картон на противникот

Читај повеќе
  • play_arrow

Њу Орлеанс од -25 до победа, Бостон со 40 разлика ги победи Вориорс

Читај повеќе
  • play_arrow

Пол се самоуништи, Зверев се пласира во полуфиналето на АО

Читај повеќе

Од непожелен до голгетер: Необичната приказна на Крис Вуд

Читај повеќе

Флорентино Перс ќе го води Реал до 2029 година

Читај повеќе

Првата љубов никогаш не се заборава: Нејмар се враќа дома

Читај повеќе

ИХФ го смени распоредот, Македонија ќе игра двапати на ручек

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ со трет трипл-дабл во низа против Орландо, Зубац го уништи Лејкерс

Читај повеќе

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Читај повеќе