Ердоган: Цел Запад застана на страната на терористите

Анкара, 21 октомври 2019 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Тајип Етдоган денеска ги обвини западните земји дека „застанале на страната на терористите“ наспроти Турција, која ја критикуваат за воената операција на Анкара против сириската курдска милиција Сили за заштита на народот (ЈПГ).

– Целиот Запад застана на страната на терористите и нè нападнаа сите заедно. Вклучително и земјите од НАТО и од ЕУ. Сите!, потенцираше Ердоган во обраќање во Истанбул.

Турција на 9 октомври почна офанзива против курдските милиции во Сирија наречена „Извор на мирот“. Воената интервенција наиде на голема меѓународна осуда, посебно што ЈПГ беа сојузници на САД во борбата против терористичката исламска држава.

– Сметав дека сте против тероризмот. Кога почнавте да работите заедно со терористи?, праша денеска турскиот претседател.

- Силите за заштита на народот да не станале член на НАТО, а јас да не сум предупреден за тоа?, праша иронично Ердоган.

Анкара постојано објаснува дека офанзивата во Сирија е со цел да се создаде безбедносна зона со која ќе се оддели турската граница од териториите контролирани од курдските борци.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе