Ердоган: Чекаме 50 години на прагот на ЕУ, во овој момент на Русија ѝ верувам не помалку отколку на Западот

Макфакс
/ 19.09.2023 / 10:48

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган смета дека украинската криза ќе трае долго, нагласувајќи дека соработува со Русија и дека ѝ верува „не помалку од Западот“, пренесуваат медиумите во регионот.

„Немам причина да не ѝ верувам на Русија. Колку што е сигурен Западот, толку е и Русија. Во последните 50 години стоевме на прагот на Европската Унија и во овој момент ѝ верувам на Русија не помалку отколку на Западот“, рече Ердоган во интервју за PBS.

„Половина од увозот на природен гас доаѓа од Русија, што значи наша солидарност. Одиме напред со заеднички чекори, соработуваме и во одбранбената индустрија. Сето тоа можеме да го направиме заедно со Русија“, додаде претседателот.

Според него, Анкара и земјите-членки на ЕУ имаат различни ставови за Руската Федерација.

„Русија е еден од моите најблиски соседи. Имаме и заедничка историја“, рече Ердоган.

Тој смета дека конфликтот во Украина „ќе трае долго“. Сепак, „Турција се надева дека тоа ќе заврши што е можно поскоро“, рече претседателот.

Ердоган истакна дека Москва „навистина сака да стави крај на конфликтот што е можно поскоро“, пренесе Спутник.

реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Свет

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Синот на Пригожин се обидува да го преземе Вагнер

Read more

Новоизбраниот премиер Фицо: Словачка има поголеми проблеми од Украина

Read more

Моравјецки: Не заборавајте го ова, господине Зеленски

Read more
 

Вести

Топло со свежи утра до среда, од четврток дожд

Читај повеќе

Приведени шест албански државјани во Тетовско

Читај повеќе

Дете со аутизам било врзувано и малтретирано во болница, потресно сведоштво на мајката

Читај повеќе

Муцунски: Со интонирање на македонската химна, секој понеделник ќе започнува наставата во училиштата во Аеродром

Читај повеќе

Половина сендвич за студентите, за министрите над 2.000 евра плата, реагира ДД

Читај повеќе

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Читај повеќе

Пронајдена граната од Првата светска војна на патот за битолското село Бистрица

Читај повеќе

Распишан конкурсот за поетската награда „Даница Ручигај“

Читај повеќе

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува - нови цени на горивата

Читај повеќе