Ердоган го користи европскиот вакуум на Балканот

Прага (Радио Слободна Европа) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган престојуваше во работна посета во Сараево, при што како почесен гостин присустуваше на Шестиот конгрес на Унијата на европско-турските демократи во Олимписката сала „Зетра“, во која се собраа неколку илјади граѓани на БиХ, но и Турци од западноевропските земји.

Ердоган го искористи собирот, кој претходно го најави како предизборен, за да добие поддршка од иселените Турци од кои над три милиони имаат право да гласаат, на предвремените претседателки и парламентарни избори на 24 јуни, а по кои ќе биде воведен силен претседателски систем наместо парламентарна демократија.

Тоа е единствен предизборен собир на Ердоган во Европа, откако Австрија, Германија и Холандија најавија дека нема да му дозволат собири, исто како и минатата година пред референдумот за уставните промени.

Ердоган беше топло пречекан во Сараево, каде тој и Турција доживеа голема поддршка посебно меѓу Бошњаците, кои на Турција гледаат како на главен покровител и заштитник.

Поради одбивањето од ЕУ, Балканот бара инвеститори во Турција

Во балканските земји сега бараат инвеститори во Турција, бидејќи ЕУ одолговлекува со процесот на проширување кон Балканот, оценува агенцијата Ројтерс во анализа во која како пример се наведува општината Крупањ, која се наоѓа во близина на границата на Србија со Босна, чиј градоначалник Иван Исаиловиќ не бара инвеститори во Минхен или Париз, туку во Истанбул.

Откако проширувањето на ЕУ е потиснато од Брегзит, плус последиците од кризата и миграцијата, регионот станува место на кое силите ги одмеруваат ЕУ и Турција, а и Русија и Кина се борат за влијание, наведува британската агенција.

Според податоците на стопанската комора на Србија, 20 турски погони биле отворени минатата година во Србија, а трговската размена меѓу Турција и шесте земји од Западен Балкан постојано се зголемува.

Некои Европејци се разочарани поради тоа што регионот може да потпадне под влијание на Турција, бидејќи таа и преку културните проекти ја јакне својата позиција, додава Ројтерс, наведувајќи дека во БиХ Турција потрошила 300 милиони евра на различни проекти, вклучувајќи и реконструкција на џамии и споменици од отоманското време.

- Мислам дека турското влијание ќе продолжи преку религијата и верски инвестиции. Се очекува зголемување на културното влијание преку турски филмови, сапунски серии и училишта, изјави Вехби Кајтази, главен и одговорен уредник на insajderi.com, истражувачки новински портал во Косово.

- Турција успеа да ги искористи своите историски културни и лични врски со регионот за да изгради основни врски, изјави за Ројтерс Алида Врачиќ од германскиот Институт за меѓународни и безбедносни работи, авторка на текстот за влијанието на Турција во регионот.

Таа додадва дека мисли оти „функционерите од ЕУ можат да учат од Турција и да го користат истиот модел за посилно да се поврзат со регионот и да го изразат своето влијание“.

Враќање на Турција на Балканот

Додека ЕУ се грижи поради улогата на Москва на Западен Балкан, Анкара го зголемува своето влијание на ова подрачје, оценува политичкиот портал Политико.

Повторниот интерес на ЕУ за јужниот дел на Европа, кој е надвор од Унијата, делумно е предизвикан од стравот од улогата на Москва од регионот - од давањето борбени авиони на Србија, до наводната улога во обидот за државен удар во Црна Гора. Но, Русија не е единствената сила со долга историја во регионот која повторно врши влијание, истакнува европското издание на Политико со седиште во Брисел.

Економското присуство на Турција генерално не е она што ги загржува европските сојузници на Анкара. Тие се плашат дека Турција ќе се стекне со политичко влијание на сметка на Брисел, се додава во текстот.

Политико пишува дека во текот на 15-годишното владеење на Ердоган, Турција вложила значителни напори и пари за стекнување на се поголема политичка, културна и економска позиција на Западниот Балкан, обезбеди помош, водеше големи инфраструиктурни проекти, отвори универзитети и обнови џамии, ги охрабри турските фирми да вложуваат во регионот и поттикна дијалог меѓу поделените заедници.

Во политичкото влијание на Анкара ќе има и мрачна страна, наведува Политико и додава дека Ердоган со турските министри ги поттикнале земјите на Западен Балкан да преземат мерки против приврзаниците на Фетулах Ѓулен, турски имам и поранешен соработник на Ердоган, кој живее во егзил во САД, а кого Анкара го обвинува за обид за уривање на Владата во 2016 година.

Доаѓањето на Ердоган во Сараево за да одржи предизборен митинг, исто така, го покажува и степенот на неговото влијание во регионот, смета Политико, зошто сепак многумина во Турција, вклучувајќи ги и оние кои ја критикуваат и Владата, тврдат дека улогата на нивната земја на Западен Балкан не е во спротивност со тамошните планови на ЕУ, туку се надополнува со напорите на Унијата.

Некои аналитичари се плашат дека борбениот пристап на Ердоган кон политиката може да ги зголеми тензиите меѓу етничките групи на Западен Балкан, додека други велат оти предизвикувањето проблеми не е во интерес на Турција, бидејќи тоа би ја намалило можноста за подобри економски односи во регионот.

Митингот во Босна, порака за Европа

Порталот Ал Монитор, кој се занимава со Блискиот Исток и чие седиште е во Вашингтон, оценува дека говорот на Ердоган во Сараево претставува акт на политички пркос против Австрија, Германија и Холандија, кои одбија да му дадат дозвола да се обрати на турската дијаспора на нивно тло.

- Со оглед на досегашното искуство, оваа забрана може да биде во корист на Ердоган, пишува Ал Монитор и потсетува дека Ердоган неодамна откри дека работи на алтернативни планови за да дојде до приврзаниците во Европа, за подоцна да биде соопштено дека станува збор за митинг во Сараево.

Собирот предизвика контраверза меѓу српските политичари во БиХ, но и меѓу бошњачките, кои велат дека ова го открива влијанието што Турција го има над нивната земја.

Садик Ахметовиќ, поранешен потпретседател на Партијата за демократска акција (СДА), кој сега е дел од Независниот блок, изјави дека се противи на овој собир. бидејќи БиХ мора да остане фокусирана на својата „постојана цел“ за пристапување он ЕУ.

Радован Ковачевиќ, потпарол на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), кои се на власт во Република Српска, изјави дека собирот на Ердоган е „неприфатлив“, бидеји докажува дека Турција гледа на Босна како на свој сателит.

Слободан Шоја, поранешен босански дипломат смета дека Босна претставува „голема политичка арена за Турција“, за разлика од Србија и другите земји во регионот, кои, како што вели, се турски економски арени.

Порталот додава дека уште еден пример за зголемување на влијанието на Турција на Балканот пружи посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ на Анкара.

Влијанието на Турција на делови на Балканот за сега е воспоставено. Меѓутоа погрешно е да се претпостави дека Анкара секогаш ќе го добие она што го сака, оцени Ал Монитор, додавајќи дека Балканот останува регион кој Анкара мора внимателно да го третира поради причини стари неколку векови, но и поради реалноста.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе