Ердоган и Путин разговарале за проблемите поврзани со транспортот на жито преку Црно Море

Турција продолжува да ги презема неопходните чекори за решавање на проблемите поврзани со спроведувањето на Договорот за жито, изјави денес претседателот Реџеп Тајип Ердоган за време на телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

„Претседателот Ердоган изјави дека Турција продолжува да ги промовира потребните иницијативи до сите страни за решавање на проблемите поврзани со спроведувањето на Меморандумот од Истанбул за снабдување со жито“, соопшти Кабинетот на претседателот на Турција.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека министерот Сергеј Шојгу денес разговарал за Договорот за жито со неговиот турски колега Хулуси Акар, што е вторпат во два дена. Како што прецизираат од Министерството, телефонскиот разговор бил на иницијатива на Турција.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, посочи на неопходноста од надминување на проблемите за да се одржи производството и извозот на жито, во рамките на Договорот постигнат во јули оваа година меѓу Киев и Москва, со посредство на ОН и на Турција.

Во обраќањето пред медиумите Чавушоглу најави дека турскиот претседател во наредните денови ќе разговара за прашањето со лидерите на Русија и на Украина.

Русија во саботата соопшти дека го суспендира своето учество во Договорот за жито, по нападите врз воените бродови на нејзината Црноморска флота и трговските бродови ангажирани за обезбедување на коридорот за жито. 

реклама

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Read more

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Read more

Ќе почне ли распаѓањето на Канада? Сепаратистите во Алберта во октомври ќе одржат референдум

Read more

Свет

Разорен земјотрес ја погоди Колумбија, најмалку 49 загинати

Read more

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

ЕУ бара од 5 карипски земји да ги укинат познатите златни пасоши: За што служат и како се добиваат?

Read more

230 луѓе во еден чамец го преминаа Ламанш 

Read more

Вести

  • play_arrow

Разорен земјотрес ја погоди Колумбија, најмалку 49 загинати

Читај повеќе

Утре сончево и многу топло, температури до 40°C

Читај повеќе

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Читај повеќе
  • filter

ЕУ бара од 5 карипски земји да ги укинат познатите златни пасоши: За што служат и како се добиваат?

Читај повеќе

230 луѓе во еден чамец го преминаа Ламанш 

Читај повеќе

Во Идризово стигнале 32 пакувања марихуана, во пратка за затвореник

Читај повеќе

Перу руши рекорди: Бум во извозот на злато и бакар

Читај повеќе

Џез-вечери од 13 до 16 август на Охридско лето

Читај повеќе

Две малолетнички избодеа со нож 18-годишна девојка во центарот на Белград

Читај повеќе