Ердоган: НАТО треба да биде порешителен во однос на Украина

НАТО би требало поодлучно да дејствува во однос на руската инвазија врз Украина, рече денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Ердоган пред медиумите во Истанбул на сличен начин испрати критики и до Европската Унија поради „неделувањето“ и отсуството од демонстрација на „сериозен, конкретен став“.

„Западните сили само ѝ делат совети на Украина“, рече Ердоган, додавајќи оти тоа „не наликува ниту на пријателство, ниту на солидарност“. Тој истакна дека „со советувања нема да се стигне никаде“.

„Кога ќе се согледаат преземените чекори, нема преземени чекори“, рече Ердоган во неговата реакција, притоа избегнувајќи да користи термини како „осуда“ или „инвазија“ како би го опишал она што се случува, а наместо тоа за нападот на Москва користејќи го терминот „неприфатлив“.

Денешниот Самит на НАТО не би требало да биде „фестивал на осудувања“. Наместо тоа Анкара очекува да види чекори што би можеле да бидат преземени за решавање на судирот, рече Ердоган.

Украинскиот претседател Володимир Зеленскиј денеска ја повика Европа да дејствува побрзо и посилно при воведувањето санкции против Москва поради инвазијата врз Украина, истовремено обвинувајќи ги западните сојузници за политиканство во време додека руските сили напредуваат кон Киев.

Украина вчера побара од Турција да ги затвори теснеците Босфор и Дарданелите што ги поврзуват Средоземното и Црното Море, согласно Договорот од 1936 година. Официјална Анкара денеска соопшти дека не може да спречи руските пловила да влезат во Црното Море оттаму, на што, согласно договорот, имаат право да се вратат во нивните црноморски бази.

Турција како членка на НАТО се граничи и со Украина и со Русија на Црното Море и има добри врски со двете земји. Од Русија побара да ги прекине нападите и изрази поддршка на територијалниот интегритет на Украина. По однос серијата западни санкции против Русија, Турција се произнесе дека се противи на такви мерки.

реклама

Доктор открива техника што им помага на мажите да издржат подолго во секс

Read more

Зошто на електричните автомобили им се празни батеријата додека се паркирани?

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Read more

Свет

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Read more

Катар евакуираше делови од Доха

Read more

Трамп ѝ даде функција на Ерика Кирк во Академијата за воздухопловни сили

Read more

Американската операција „Епски бес“ чинела 11,3 милијарди долари за шест дена

Read more
 

Вести

Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19°C

Читај повеќе

Вучиќ ја зајакнува војската и вели дека нема да дозволи Србија да биде покорена

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од центарот на Скопје

Читај повеќе

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Читај повеќе

Катар евакуираше делови од Доха

Читај повеќе

Поднесено е обвинение за сопругот на Ивана по трагедијата во Карпош

Читај повеќе

Мицкоски: Македонските власти подобро реагираа по пожарот во Кочани, отколку швајцарските во Кран Монтана

Читај повеќе

Мицкоски: Ако продолжи ваквиот тренд, Македонија може да биде меѓу трите економии со најбрз раст во Европа

Читај повеќе

Приведен вработен во „Комунална хигиена“ Скопје, нападнал колега од внатрешна контрола

Читај повеќе