Ердоган победник на претседателските избори во Турција

Сеул, 25 јуни 2018 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган прогласи победа во првиот круг од претседателските избори на кои освои нов мандат, но овојпат со извршни овластувања.

„Нацијата ми довери одговорност за претседавање и извршни должности“, изјави 64-годишниот Ердоган во говор од Истанбул што го пренесуваше државната телевизија.

Тој прогласи и победа на Народниот сојуз, изборна коалиција на неговата Партија на правда и развој и малата Партија за национално движење на парламентарните избори, нагласувајќи  дека имаат мнозинство во Парламентот во кој има 600 места.

„Се надевам никој нема да се обиде да фрли сенка на резултатите и да ѝ наштети на демократијата за да го сокрие својот неуспех“, изјави Ердоган.

Ердоган на изборите освои 62,5 отсто гласови, врз основа на 99 отсто преброени ливчиња.

Главниот противкандидат од опозицијата Мухарем Инџе доби 31 отсто гласови.

На парламентарните избори Партијата за правда и развој доби 42,68 отсто гласови додека главната опозициска Народна републиканска партија освои 22,55 отсто гласови. Сојузникот на Ердоган, Партијата за национално движење доби 11,28 отсто гласови. Прокурдската Народна демократска партија освои 10,94 отсто гласови со што надмина цензус за влез во Парламентот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Свет

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more
 

Вести

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе