Ердоган пресече: Не се откажуваме од рускиот ракетен систем S-400

Турција нема да се откаже од договорот со Русија за купување на ракетниот систем S-400, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Во неговото обраќање до новинарите во руското одморалиште Сочи каде се одржа самитот на Русија, Турција и Иран за Сирија, тој нагласи дека Анкара ќе продолжи понатаму со набавката на системот S-400.

„Склучивме договор за купување на S-400 од Русија, така што е неоспорно дека ќе се држиме до него. Тоа е веќе решено“, рече Ердоган.

Тој додаде дека Турција е отворена за купување на противвоздушниот систем Patriot од САД, ако тоа е во интерес на Анкара, но напомена дека има спорни прашања околу испораката и производството за кои треба допрва да разговара со Вашингтон.

Турција во повеќе наврати наведе дека е посветена на купување на рускиот противракетен систем, покрај предупредувањата од НАТО дека S-400 не може да биде интегриран во постоечкиот противвоздушен систем на Алијансата.

Американски официјални преставници го одредија 15 февруари како неформален временски рок во кој Анкара треба да одговори на конкурентската понуда од Вашингтон и дека ако Турција продолжи со купувањето на S-400, Вашингтон ќе ја повлече својата понуда за продажба на ракетниот систем Patriot вредна 3,5 милијарди долари.

Тие исто така истакнаа дека ќе биде загрозено турското набавување на борбените авиони F-35 од компанијата Lockheed Martin и дека САД најверојатно ќе воведат санкции за Анкара.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе