Ердоган: Турција би можела да почне да бара нови сојузници

Њујорк, 11 август 2018 (МИА) - Односите меѓу Турција и САД не може да бидат „асиметрични“ и ако Вашингтон не ја промени својата политика, Анкара би можела да почне да бара нови сојузници, порача турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

„Во авторски текст во New York Times под наслов „Како Турција гледа на кризата со САД“, Ердоган предупредува дека „едностраните мерки против Турција од страна на САД, кои се нејзин сојузник со децении, само ќе послужат за поткопување на американските интереси и безбедност“. 

„Пред да стане премногу доцна. Вашингтон треба да се откаже од погрешната претстава дека нашите односи може да бидат асиметрични и да го прифати фактот дека Турција има алтернативи. Ако САД не ја променат својата тенденција кон унилатерализам и непочитување, ќе не натераат да побараме нови партнери и сојузници“, наведува Ердоган во текстот. 

Ердоган потсетува дека во изминативе децении САД секогаш можеле да сметаат на поддршката на Турција, како во случајот со Корејската војна, кубанската ракетна криза или активностите во Авганистан по терористичките напади на 11 септември, но дека во исто време Вашингтон „повеќепати не ја сфатил и почитувал загриженоста на турскиот народ“.

„Последниве години нашето партнерство е ставено на испит поради несогласувања. За жал, нашите обиди да ја промениме таквата состојба беа залудни. Ако САД не почнат да го почитуваат суверенитетот на Турција и да докажат дека ја сфаќаат опасноста со која се соочува нашиот народ, нашето партнерство може да биде загрозено“, истакнува Ердоган.

Турскиот претседател натаму во текстот ги обввинува САД дека продолжуваат со „закани кон пријателска земја и санкции кон неколку министри во Владата“ на Турција.  

„Таквите постапки се неприфатливи, нерационални и во крајна линија му наштетуваат на нашето долгогодишно пријателство“, посочува Ердоган во авторскиот текст во New York Times.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе