Ердоган: Во Турција нема економска криза

Анкара, 19 септември 2018 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека во Турција нема економска криза и ги повика Турците да не користат странски валути при внатрешни плаќања.

„Ние сега сме во период на подем. Не верувајте дека има криза. Сето тоа се манипулации, Нема криза. Зајакнувајќи се, ние се движиме кон иднината“, изјави Ердоган во обраќање на собир во Анкара.

Турскиот претседател се осврна и на појавите на внатрешни плаќања во девизи, како во случајот со наемнини за станови и деловини објекти, повикувајќи овие трансфери да се вршат во лири.

„Не се залажувајте со тие манипулации. Во оваа земја нема наемнини во долари и евра. Од сега таквите трансакции ќе бидат во турски лири. Ова е Турција, не САД“, порача Ердоган.

Тој истакна дека во Турција платежно средство е турската лира и сите трансакции и купопродажби треба да се извршуваат во националната валута.

Ердоган претходно во неколку наврати ги повикуваше Турците своите заштеди во девизи што ги чуваат дома, да ги заменат во турски лири, како една од мерките за зајакнување на курсот на националната валута.

Од почетокот на годината вредноста на турската лира во однос на доларот се намали за околу 40 отсто, што резултираше со раст на стапката на инфлација и до зголемување на цените на стоките и услугите.

Како мерка за стопирање на растот на инфлацијата и за стабилизирање на националната валута, Турската централна банка минатата недела донесе одлука за зголемување на основната каматна стапка на 24 проценти и покрај противењето на Ердоган, кој каматите ги оквалификува како „извор на сите зла“.

Некои економски експерти и препорачуваа на Анкара да земе кредит од Меѓународниот монетраен фонд (ММФ) за да обезбеди стабилизација на лирата, но турската Влада ги отфрли таквите предлози, нагласувајќи дека средства ќе прибира преку директни странски инвестиции.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе