Музика

Ерик Клептон: Загрижен сум, го губам слухот

11. јануари 2018 - 12:32 | А.С.

Легендарниот рок гитарист Ерик Клептон рече дека е свесен дека му претстојат големи предизвици, бидејќи му е сѐ потешко да свири.

Клептон соопшти дека боледува од тинитус, состојба што го влошува слухот, а исто така и рацете не го служат како порано.

Славниот музичар за BBC изјави дека чувствува „шум во внатрешното уво“, но продолжува да работи и во јули ќе свири на Британскиот летен фетивал во Хајд Парк.

„Загрижен сум, го губам слухот“, рече Клептон кој лани имаше проблеми со болки во грбот,а  подоцна и со болест на периферните нерви.

„Се надевам дека луѓето ќе дојдат да ме слушаат, а не да ме видат од љубопитност. Знам дека ќе има и такви, бидејќи е неверојатно што уште сум тука“, рече 72-годишниот Клептон.

Коментирај