Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен упати порака до јавноста од болница.
Срцето на Ериксен запре во 43. минута од натпреварот од првото коло на Европското првенство помеѓу Данска и Финска.
Данецот благодарение на капитенот Симон Кјер и лекарите успеа да се избори за живот на теренот, а потоа беше пренесен во болница во Копенхаген, каде беше целосно стабилизиран.
Кристијан испрати порака од болница.
„Ви благодарам на сите, не се предавам. Сега се чувствувам подобро и сакам да разберам што ми се случи. Уште еднаш ви благодарам на сите за сè што направивте за мене“, порача Ериксен.