Ериксен се врати на зелениот терен кај клубот од детството

Бидејќи во Италија е забрането да се бават со фудбал луѓе кои имаат срцеви прпблеми, Кристијан Ериксен се врати во татковината и почна да тренира со Оденсе.

Ериксен е член на Интер, но не тренираше со овој клуб бидејќи законите во Италија строго го забрануваат тоа. Откако колабираше на првиот натпревар на неговата Данска на ЕУРО 2020 против Финска, на Ериксен потоа му беше направена операција при што му беше вграден дефибрилатор, направа која му помага на неговото срце.

Договорот на Ериксен со Интер е до јуни 2024 година, но јасно е дека за овој клуб нема да може да игра поради правилата во Италија кои забрануваат играчи со дефибрилатори да играат фудбал. Клубот одамна објави дека ќе продолжи да му дава плата на Ериксен, но играчот има намера повторно да се врати на зелениот терен, а тоа ќе може да го направи само во клуб од друга држава.

Ериксен се врати назад во Данска каде почна да тренира со Оденсе, клубот од кој изникна и тоа точно 173 дена откако доживеа срцев удар. Сѐ уште не тренира со останатите фудбалери бидејќи неговата кондиција не му го дозволува тоа. Тренира индивидуално и полека полека ќе се обиде да му се врати на фудбалот.

URL

Данецот никогаш нема одиграно официјален натпревар за Оденсе бидејќи уште како 16-годишник замина во Ајакс. Таму остана пет сезони па замина во Тотенхем каде по седум години направи трансфер во Интер.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе