Ерменија ги повика руските мировни сили да интервенираат во Нагорно-Карабах

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска ги повика руските мировни сили, распоредени во Нагорно-Карабах, да делуваат, по новото избивање на насилство меѓу азербејџанската војска и ерменските сепаратисти во оваа спорна енклава.

– Во Нагорно-Карабах постои линија на контакт каде се распоредени мировни војници и територијата е под нивна одговорност. Очекуваме контингент мировни војници да го спречат секој обид за нарушување на линијата на контакт, изјави тој на состанокот на својата влада.

Повторно има конфликти меѓу ерменските и азербејџанските сили во Нагорно-Карабах, формално територија на Азербејџан, чиј поголем дел е под контрола на силите на етнички Ерменци, поддржани од владата во Ереван. Ерменските сепаратисти оваа територија ја нарекуваат Арцах, која е и прогласена за самостојна држава, призната само од Ерменија.

Азербејџан синоќа соопшти дека ја презеде контролата над повеќе позиции и оти се уништени ерменските цели во Нагорно-Карабах за време на ескалација, каде загинаа најмалку три лица и се врати ризикот од војна.

Ерменскиот премиер оценува дека операцијата за одржување на мирот треба да биде разјаснета, затоа што Азербејџан одбива да потпише документ за мандатот на руските сили распоредени од 2020 година.

Тој го повика Азербејџан да ги исполни обврските и да го признае постоењето на Нагорно-Карабах, да ја почитува линијата на контакт и да го признае коридорот Лачин што ја поврзува сепаратистичката енклава со Ерменија. Во спротивно, како што тој нагласи, Ерменија ќе мора да промовира меѓународни механизми за Азербејџан да ги исполни своите обврски.

Најновите инциденти може да ги нарушат мировните преговори, со посредство на Европската Унија, што се водат неколку месеци меѓу Азербејџан и Ерменија.

Европската Унија повика на итен прекин на непријателствата меѓу азербејџанските и ерменските сили во Нагорно-Карабах.

Во ноември 2020 година, Ерменија склучи мировен договор со Азербејџан, со посредство на Русија, по понижувачкиот пораз на ерменските сили во шестнеделната војна за Нагорно-Карабах, каде загинаа над 6.500 луѓе.

Со тој договор, Ерменија изгуби контрола врз дел од Нагорно-Карабах и околните области во Азербејџан по повеќе од 25 години.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе