Пиеш. Пиеш уште. Мешаш ракија, можеби чаша вино, пиво, шатче...

адот од цигарите ти навлегува во порите на лицето. Луѓето околу тебе стануваат поубави. Подот станува нерамен. Твојата перцепција не е најјасна. Главата- тапан. А потоа мрак. Имаш главоболка, можеби мачнина, си изгубил/а нешто или можеби си се разбудил/а во туѓа кошула.
Основачите на загрепскиот Музеј на мамурлаците, Рино и Роберта, внимателно ревидираа како изгледа класична пијана ноќ и користејќи ги сопствените искуства, но и приказните на своите познаници, создадоа нетипичен музеј, посветен на ноќните излегувања што ги помниме само низ магла и туѓи сведоштва.
Го замислија како пат кој започнува со напуштање на загушлива кафеана, продолжува низ градските улици и попатни шумички и пристигнување дома и будење со мамурлак, и планираат разни нови содржини кои ќе ја направат понудата уште попривлечна.
Каде што има реки од алкохол, таму има и разврат. Така, посебен дел од музејот е посветен на еротски приказни и искуства на соговорници кои пиеле премногу. Секој сегмент е автентичен и зад секоја анегдота стои вистинска личност и нејзиното искуство.
Основачите на музејот се потрудиле на посетителите да им овозможат вистински мамурлак.
Така, покрај пијаниот под (полн со дупки и неочекувани скали) и очила кои ја доловуваат глетката низ пијани очи, посетителите може да пробаат и вистински мамурлак.
Понатаму, посетителите може да очекуваат анкета за количината на алкохол што ја консумираат неделно, како и вовед во ризиците и болестите што може да ги донесе прекумерното пиење алкохол.
Исто така, посетителите мож да прикачат предмети поврзани со нивното пијанство и на тој начин, освен пасивни набљудувачи, да станат дел од овој интересен музеј.