Во ерупцијата на вулканот Шимоедаке на југозападот на Јапонија големо количество пепел падна врз четири околни градови.
Вулканот, кој се наоѓа на границата на перфектурите Кагошиме и Мизијаки, се активира првпат по шест години.
Како што наведуваат јапонските медиуми, пепелта се издигнала 1.700 метри и паднала врз најмалку 4 градови во префектурата Мизијаки.
Јапонската метеоролошка управа го подигна нивото на тревога за вулкани од 2. на 3. на скалата до 5. На трето ниво луѓето се предупредуваат да не се приближуваат до вулканските планини.
Метеоролошката управа прогнозира дека пепелта ќе продолжи да паѓа до сабота, а од ветрот зависи кои градови би можеле да бидат загрозени.