Ерупцијата на супервулкан е поблиску отколку што се мисли, тврдат научниците

Поради зачестените ерупции, вулканите претставуваат многу поголема закана за човештвото отколку што е мислеше досега, предупредуваат научници од Велика Британија.

Анализирајќи ја вулканската активност во изминатите 100.000 години, истражувачи од Универзитетот во Бристол направија нова хронологија на суперерупции што би можело да произведат околу 1.000 гигатони лава.

Вулканот Јелоустоун во Вајоминг, САД е означен како супервулкан чија ерупција би можело целосно да ја смени климата на Земјата. Во истражувањето на научниците од Бристол се наведува дека катастрофалните ерупции се случуваат на секои 17.000 години.

„Во претходната анализа од 2004 година стоеше дека ваквите ерупции се случуваат на секои 45.000 години. Сега тоа е драстично сменето“, вели Џонатан Руџер, еден од научниците.

Последните две суперерупции се случиле пред 20-30.000 години.

„Сме имале среќа што се нема случено ниту една ерупција оттогаш. Но, важно е и да го цениме тоа. Природата не е секогаш прецизна, затоа мора да бидеме внимателни бидејќи секогаш постои опасност“, додава тој.

Уште во 2014 година научниците предупредија дека вулканот во Јелоустоун „врие“ и дека ако еруптира, градовите во радиус од 500 километри би биле покриени со пепел до колена.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе