Еруптираше најактивниот индонезиски вулкан
Вулканот Гунунг Мерапи (во буквален превод „Огнена Планина“) еруптираше сабајлево испуштајќи пепел во височина до 6 илјади километри. Се очекува да следи и лава. На пилотите им е наредено да ја одбегнуваат областа.
Од 1548 година вулканот редовно еруптира. Овој стратовулкан се наоѓа на границата помеѓу провинциите Централна Јава и Јогјакарта, на островот Јава.
Во Индонезија има околу 130 активни вулкани.