Есента е апсолутно многу ризичен период за сите земји, смета Филипче

Скопје, 6 јули 2020 (МИА) – Есента е апсолутно многу ризичен период, не само за нас, туку и за сите земји од регионот и светот. Мора да сме свесни апсолутно сите, дека ако не се придржуваме до мерките и има зголемена трансмисија на вирусот и поголем број пациенти, ќе се воведуваат рестриктивни мерки, изјави министерот Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се отвораат градинките и училиштата.

– Есенските месеци лично сметам дека ќе бидат голем ризик за влошување на ситуацијата со тоа што отворање на градинки, училишта и повторно поголема комуникација меѓу младите луѓе е дополнителен ризик и затоа и се овие подготовки, на дополнитени кревети, надвор од сегашните болнички капацитети, изјави Филипче.

Повторно е до сите нас, посочи Филипче, затоа што колку повеќе ги почитуваме мерките и колку повеќе граѓани носат маска, го сведуваат на минимум ризикот од пренос на вурусот.

– Таа повторна фревенција на дружење на младите во школите и во градинките. Есенските месеци со поладно време, неможноста граѓаните да чекаат ред надвор, е сè дополнителен ризик и тоа ни го укажа и експертот од СЗО. Дополнителна мерка, освен ова што ние сега го правиме е рестрикција на движењето. И во светот се прави тоа и сега таму каде ќе се осети дека е потребно да се направи, посочи Филипче.

Во однос на искуството на Србија за зголемената бројка на заболени по изборите, Филипче, рече дека не може да се споредиме со ниту една земја, бидејќи имаме различен пристап и стратегија.

– Мислам дека ние имавме соодветен и многу ран добар пристап на широко тестирање за идентификација на позитивните случаи и нивно изолирање. Во таа смисла и ова постепеното олабавување на мерките, сетоа тоа се мерки што околните земји ги воведоа подоцна од нас. Мислам дека не носи во ситуација каде апсолутно не може да се споредуваме. Останува граѓаните да се придржувата до сите овие мерки, изјави Филипче.

Не очекувам, нагласи Филипче, и следниот период не може да се случи некакво изненадување, бидејќи, како што рече, со овој пристап имаме целосен увид и ништо не е запоставено и сè е строго контролирано. 

реклама

Македонија

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Read more

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Read more

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Read more

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе