Живот

Ешли Џад имала абортус откако останала бремена по силување

16. април 2019 - 12:13 | А.С.

Холивудската актерка Ешли Џад откри дека три пати била силувана, а по едно такво грозоморно искуство останала бремена и решила да абортира.

На конференцијата Women in the World што се одржа во Њујорк таа зборуваше отворено за силувањето и за правото на жените да ја прекинат непланираната и несаканата бременост.

Актерката звборуваше како дел од панелот во кој модератор беше Кејти Кјурик, на тема моменталната состојба на феминизмот.

Џад откри дека одлучила да абортира бидејќи забременила како резултат на силување. Таа додаде дека ако одлучела да го задржи детето, тој човек би имал право да побара старателство над него.

Мажот кој ја силувал и ја забременил е од Кентаки, а според законите на САД, ќе можел да бара право татковство.

„Ќе морав да бидам родител заедно со човекот кој ме силуваше“, рече актерката без да го идентификува својот напаѓач.

Коментирај