Ескалираа судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 мртви

МИА/КАЈГАНА
/ 12.05.2021 / 08:48

Најмалку 35 Палестинци, меѓу кои и 10 деца, како и петмина Израелци загинаа во новите судири меѓу Израел и Палестинците, соопштија здравствените власти, пренесува BBC.

Од рано изутрина се слушаат сирени во Тел Авив, а одекнаа и неколку експлозии.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе ги интензивира нападите врз Газа, додека претставникот на ООН за Блискиот исток повика на прекин на огнот и предупреди дека „трошоците на војната ги плаќаат обичните луѓе“. Во градот Лод е прогласена вонредна состојба заради конфликтот, кој властите го опишуваат како граѓанска војна.

За попладне е закажана итна седница на Советот за безбедност на ОН, на која ќе се разговара за ексалацијата на израелско-палестинскиот конфликт. Состанокот е инициран од Кина, Тунис, Норвешка, Франција, Естонија, Ирска, Свети Винсент и Гренадини, Нигер и Виетнам, откриваат дипломатите.

На претходната средба во понеделникот, Советот за безбедност на ООН не успеа да се договори за заедничка изјава.

Во меѓувреме, во градот Лод е прогласена вонредна состојба, а градоначалникот Жаир Ревиво ситуацијата ја опиша како „граѓанска војна“. Немирите се предизвикани од вчерашното палење на синагогата кај израелскиот аеродром Бен Гурион, поради конфликтот меѓу арапските и еврејските жители, пренесува BBC. Арапските жители наводно сквернавеле синагога во градот Лод, на 15 километри југоисточно од Тел Авив и ја запалиле. Запалени се десетици автомобили и искршени се излози на продавници. Најмалку 12 лица беа повредени.

Сериозни конфронтации има и во Акри, во северниот дел на Израел и во Јафа, близу Тел Авив.

URL

Израел рано изутринава изврши стотици воздушни напади врз Газа, додека палестинските милитантни групи истрелаа ракети кон Тел Авив и Бершеба.

Сирените кои предупредуваат за воздушен напад се огласија во Тел Авив рано изутринава.

Одекнаа неколку експлозии, само неколку минути откако Хамас соопшти дека истрелал повеќе од двесте ракети кон Тел Авив, како одговор на израелските воздушни напади врз палестинската крајбрежна енклава.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа соопшти дека нападите врз Газа ќе се интензивираат, кои од понеделникот се насочени кон околу 500 позиции на Хамас и Исламски џихад.

– Оваа операција ќе трае некое време, но ние ќе им ја вратиме безбедноста на граѓаните на Израел, вети Нетанјаху.

Од друга страна, портпаролот на Хамас Фаузи Бархум изјави дека Хамас нема да се повлече и ќе возврати на секој израелски напад.

„ОН повикуваат на смирување на конфликтот: „Веднаш запрете го огнот. Ескалираме кон целосна војна. Лидерите на сите страни мора да преземат одговорност за деескалација“, порача преку Twitter пратеникот на ООН за Блискиот исток Тор Венесланд.

Remote video URL

„Трошоците на војната во Газа се поразителни и ги плаќаат обични луѓе. ООН работи со сите страни за да се врати мирот. Запрете го насилството веднаш“, напиша тој. 

Remote video URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе