МК сцена

Есма Реџепова целиот имот го оставила на државата (Видео)

14. април 2017 - 8:54 | Макфакс

Кралицата на ромската музика Есма Реџепова-Теодосиевска, која во својот живот има одгледано 47 деца и одржано голем борј хуманитарни акции, пред нејзината смрт оставила тестамент за целиот нејзин имот.

Нејзината менаџерка и пријателка Зорана Костовска, на РСМ говореше за животот на Реџепова, а според неа, ексклузивна вест беше одговорот на прашањето, во чии раце завршило наследството.

„Години и години говореше дека нејзината куќа сака да биде дом на културата и хуманоста и ја предаде во сопственост на Македонија. Целиот имот Есма го дарува на Македонија. Нејзиниот коментар беше дека нејзините пари се направени од концерти, луѓето купувале карти, плаќале и пак нека биде тоа на мојот народ. Тоа беше нејзината порака“, вели Костовска во интервјуто на Радио Слободна Македонија.

 

 

Коментирај