Еспер потврди: Синот на Осама бин Ладен е мртов

Вашингтон, 23 август 2019 (МИА) – Американскиот министер за одбрана Марк Еспер денеска ја потврди смртта на Хамза бин Ладен, еден од синовите на Осама бин Ладен, неговиот наводен наследник на чело на Ал Каеда, за што на крајот на јули јавија американските медиуми.

Во текот на разговорот за американскиот кабелски канал Fox, што беше емитуван во средата вечерта, Еспер ја потврди веста, но не изнесе детали за операцијата во која тој бил убиен.

– Не знам детали. Да ми беа познати ќе ги споделев со вас, рече шефот на Пентагон, кој на оваа позиција дојде на крајот на јули.

Американските медиуми кон крајот на јули соопштија дека Хамза бин Ладен е убиен и дека САД придонеле во операцијата на негова елиминација, но неговата смрт не беше никогаш јавно потврдена.

Хамза бин Ладен го сметаа за најдрагиот син, па и наследникот на Осама бин Ладен, основачот на мрежата која ги изведе нападите од 11 септември 2001 година во Њујорк и врз Пентагон.

Името на овој 30-годишник се наоѓа на американската црна листа на лица обвинети за тероризам, наведуваат тројца американски претставници.

Вашингтон во февруари понуди награда од милион долари за секоја информација која може да придонесе за негово апсење.

Хамза бин Ладен често пати го наведуваа како принцот наследник на џихадот. Некои документи, меѓу кои се и писмата кои агенцијата France-Presse ги откри во 2015 година, потврдуваат дека Осма бин Ладен него го сметал за својот наследник на чело на светскиот џихад против Западот.

реклама

Бил Гејтс: Пандемијата за богатиот свет ќе заврши до 2021, за другите подоцна

Read more

Што треба да правите по секое вежбање за да стопите двојно повеќе масни наслаги?

Read more

Пет најчести лаги кои жените ги кажуваат за сексот

Read more

Арнолд Шварценегер стана дедо

Read more

Свет

Џонсон бара зачувување на „силата и магијата“ на Обединетото Кралство

Read more

Фаучи: Вакцината против COVID-19 нема да биде во целост делотворна

Read more

Учебната година во Австрија најверојатно ќе почне нормално и без маски

Read more

Голема експлозија и во Русија

Read more

Вести

Џонсон бара зачувување на „силата и магијата“ на Обединетото Кралство

Читај повеќе

Фаучи: Вакцината против COVID-19 нема да биде во целост делотворна

Читај повеќе

Заев: Поканата на Ахмети за средба со албанските лидери е притисок кон мене за премиерското место

Читај повеќе

Учебната година во Австрија најверојатно ќе почне нормално и без маски

Читај повеќе
  • play_arrow

Голема експлозија и во Русија

Читај повеќе

Австралија: Најмногу починати од COVID-19 во еден ден, но и најмалку новозаразени

Читај повеќе

За Лукашенко протестите се оркестрирани од странство, Тихановскаја не ги признава резултатите

Читај повеќе

Иван Огњановски, човекот со трансплантирано срце: Повторно ќе го живеам животот со полни гради

Читај повеќе

Скопјанец обвинет за недозволено поседување оружје

Читај повеќе