Стил

Esquel: Супер јахта со хеликоптер и подморница

13. август 2019 - 14:48 | Б.С.Б.

Холандската компанија за производство на луксузни јахти Oceanco го претстави концептот за Esquel, нивната најнова јахта наменета за истражувачи.

Оваа јахта со должина од 105 метри поседува паркиралиште за теренски автомобили, хелиодром и пристаниште за глисери и подморница. Развиена е за потребите на истражувачките мисии, па во нема може да се интегрираат разновидни типови на научни лаборатории.

Суперјахтата е во вредност од 10 милиони евра и може да го преплови светот од Арктикот до Антарктикот без застанување и земање гориво, со брзина од 15,6 наутички јазли. Погодна е и експедиции во различни делови во светот.

Во нејзината внатрешност има затворен базен и комплетно опремен велнес центар.

Коментирај