ЕУ ги соопшти санкциите - една мерка го налути Путин

Фуинкционерите на ЕУ постигнаа нацрт-договор за нови санкции против Русија, вклучително и ограничување на цената на продажбата на руската нафта, изјавија седум европски дипломати за Politico.

Пакетот, кој е осма рунда санкции против Москва, беше предложен од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен минатата недела, откако рускиот претседател се закани со нуклеарно оружје и мобилизираше стотици илјади резервисти. Голем број земји од ЕУ изразија загриженост за новите мерки, особено во однос на ограничувањето на цената на нафтата, а деталите допрва треба да бидат потпишани во писмена форма.

Забраната за најголем дел од увозот на сурова нафта од Русија ќе стапи на сила во декември. Увозот на јаглен веќе е укинат, а испораките на гас од Русија во Европа се строго ограничени - прво поради игрите за моќ на Путин, а потоа и саботажата на двата подморски гасоводи Северен поток.

Објавени детали за мерката

Нацрт-мерките даваат правна основа за одредување на плафонот на цените, за кој претходно се договорија земјите од Г7. Сè уште нема одлука за реалната цена или опсегот на цените на идното ограничување, иако САД предложија дека тоа ќе биде одлучено во рок од неколку недели.

Малта, Грција и Кипар, чии флоти танкери носат најголем дел од руската нафта, беа загрижени за можното влијание на мерката врз нивните поморски индустрии. Тоа доведе до одредени отстапки за тие земји, според нацртот на текстот што го виде Politico.

На пример, нацртот споменува систем за мониторинг од страна на Комисијата, кој ќе ги процени практиките на заобиколување, како што е промената на ознаките на садовите. Доколку Комисијата утврди „значителна загуба на бизнис“ поради овие практики, ќе предложи „мерки за ублажување на влијанието“.

Пакетот исто така има за цел да ја погоди руската челична индустрија и да ја лиши војската на Кремљ од клучните технологии. Тоа вклучува повеќе мерки против поединци кои ги помагаат воените напори на рускиот претседател Владимир Путин. Исто така, им забранува на граѓаните на ЕУ да седат во одборите на руските државни претпријатија.

Негодување за мерките

Со оглед на тензиите и тешкотиите од минатото, дел од дипломатите останаа внимателни и по усниот договор за санкции. Еден рече дека има „ограничени“ шанси договорот да се распадне, додека друг рече дека прелиминарниот договор „треба да биде финализиран утрово“.

Амбасадорите на ЕУ сакаа да постигнат договор за пакетот санкции најдоцна до среда. Тие не сакаа внатрешните дискусии да ги засенат средбите на европските лидери што се одржуваат во Прага во четврток и петок, пишува Politico.

Путин ѝ се закани на Европа

Да потсетиме, Путин претходно и се закануваше на Европа поради најавата на ЕУ дека може да ги ограничи цените на руските енергетски производи.

„Понатамошната примена на политиката на санкции може, без претерување, да предизвика уште потешки, па дури и катастрофални последици на светскиот енергетски пазар“, рече Путин.

„Санкциите против Русија предизвикуваат многу поголема штета на земјите што ги воведуваат“, рече тој, што досега многупати го повтори, посочувајќи дека цените на енергенсите во западните земји експлодираа. Тој изрази задоволство што другите земји производители на нафта се спротивставуваат на барањата на Западот да го зголемат производството за да ја компензираат бојкотираната руска нафта и да го спречат растот на цените.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Read more

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Read more

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Read more

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more
 

Вести

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе