ЕУ го пролонгира Брегзит до февруари 2020 година

Лондон, 21 октомври 2019 (МИА) – Европска Унија ќе го одложи Брегзит до февруари 2020 година ако британскиот премиер Борис Џонсон во текот на неделата не добие поддршка од Парламентот за договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ, објави британскиот весник Sunday Times.

– Одложувањето би било со променлив карактер, што значи Британците би можеле да излезат од ЕУ и порано во ноември, декември или јануари, зависно од тоа кога ќе биде ратификуван договорот, наведува Sunday Times.

Според весникот и европските земји нема да донесат одлука за потенцијално одложување додека не проценат дали договорот утре ќе биде изгласан или не во британскиот Парламент.

Британскиот весник наведува дека во случај Џонсон се соочи со сериозни проблеми или пратениците инсистираат на втор референдум, тогаш земјите членки на ЕУ, предводени од Германија ќе бараат подолго одложување.

Британските пратеници во саботата со 322 гласови „за“ и 306 „против“ го пролонгираа гласањето за договорот за Брегзит, поради што Џонсон официјално побара одлагање на излегувањето на Велика Британија од ЕУ, при тоа нагласувајќи дека тој лично е против пролонгирање на Брегзит. 

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе