ЕУ и НАТО со честитки за уставните измени изгласани од Собранието

Брисел, 11 јануари 2019 (МИА) – Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, први се огласија по гласањето за уставните измени во македонското Собрание вечерва, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во име на Европската унија, Могерини и Хан „со цело срце“ му честитаат на Собранието за „круцијалниот чекор кон имплементација на Преспанскиот Договор.“

„Политичките лидери и граѓани ја покажаа својата одлучност да ја зграпчат оваа уникатна историска прилика за решавање на еден од најстарите спорови во регионот и одлучно да се движат напред на патот кон ЕУ“, посочуваат Могерини и Хан.

ЕУ, велат тие, силно го поддржува договорот од Преспа кој „поставува пример за помирување за регионот и за цела Европа“.

„Додека ги чекаме следните чекори кои водат до целосна имплементација на Преспанскиот Договор, ЕУ останува цврсто посветена да продолжи да ја придружува и поддржува земјата во заедничката цел на ЕУ интеграција“, напишаа Хан и Могерини.

Генералниот секретар на НАТО Једнс Столтенберг од своја страна му испрати директен твит на премиерот Зоран Заев да му честита за крајното гласање на Собранието.

„НАТО силно ја поддржува целосната имплементација на Договорот, што е важен придонес за стабилен и просперитетен регион“, порача Столтенберг.

Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, за МИА потврди дека генералниот секретар на Алијансата му се јавил на Зоран Заев по телефон за да му честита лично за изгласаните уставни измени и отворањето на патот кон спроведување на Преспанскиот Договор.

Европратеникот Едвард Кукан од ЕПП исто така им честиташе на пратениците за, како што кажа, „одговорното“ гласање на уставните измени, кои го отвораат патот за имплементација на Преспанскиот Договор.

„Со нетрпение ја чекам евроатлантската иднина на Северна Македонија“, твитна Кукан.

Европратеникот од социјалдемократската партија, Кнут Флекенштајн, му честиташе на „народот од Северна Македонија“.

„Парламентот се одлучи за европскиот пат. Ви благодарам премиере Заев и министре Никола Димитров што покажавте вистинско лидерство. Сега е на Европскиот совет да покаже исто така лидерство и да си ги исполни ветувањата“, напиша европратеникот на Twitter, алудирајќи на датумот за преговори со ЕУ.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе