Европската Унија на сите мигранти сместени во преполнетите кампови на грчките острови им дава по 2.000 евра за да се вратат во нивната татковина.
Ова го соопшти Јива Јохансон, комесарката на ЕУ за внатрешни работи, во текот на посетата на Атина, во договор со грчката Влада.
Таа објасни дека оваа мерка е од привремен карактер, ќе трае само еден месец и ќе важи за мигрантите кои пристигнале пред 1 јануари.
Според нејзините зборови, скоро 5.000 мигранти ги исполнуваат условите за „доброволно враќање“.
Во прифатните центри на грчките острови сместени се над 370.000 мигранти, иако се предвидени за само 6.000 луѓе.