ЕУ има член што обезбедува колективна одбрана во случај на воен напад

Шефот на ЕУ дипломатијата потврди дека доколку Шведска или Финска бидат предмет на воена агресија од Русија пред да се зачленат во НАТО, ЕУ има слична одредба како членот 5 во НАТО, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, го изјави по новинарско прашање за членот 42.7 на Повелбата на ЕУ. Овој член, сличен на членот 5 на Повелбата на Северноатлантската Алијанса, ги обврзува земјите членки на ЕУ да помогнат на земја мета на напад.

-Јасно пишува дека ако земја членка е нападната на нејзината територија, ако има воена агресија врз земја членка на ЕУ, таа земја може да побара од другите да и помогнат, и другите се обврзани да го сторат тоа, со сите средства, ни повеќе, ни помалку, но земјата мора да го побара тоа, ако побара, постои обврска во Повелбата, да се надеваме дека тоа нема да се случи никогаш, рече Борел на прес конференцијата денеска по министерскиот совет за одбрана во Брисел.

Земјите членки разговарале и за зголемувањето на буџетите за одбрана.

Тој оцени дека има подготвеност во ЕУ да се издвои повеќе за одбраната во ЕУ, но потенцираше дека тоа треба да се направи на добар и ефикасен заеднички начин. Од 2008, Европската Унија е во процес на разоружување и намалување на воените трошоци, но сега, рече Борел, се наоѓаме во различна ситуација откако започна војната во Украина и ЕУ треба да се “соочи со последиците“ и да го прекине трендот на разоружување.

Истовремено земјите на ЕУ ќе ја зголемат воената помош за Украина за уште 500 милиони евра, со што вкупниот износ од Европскиот Мировен Фонд за Украина ќе постигне две милијарди евра, рече шефот на ЕУ дипломатијата. Паралелно, земјите членки ќе продолжат и да и испраќаат оружје на Украина.

На дневен ред на денешниот состанок беше и ситуацијата во Мали. Министрите се согласиле дека нема повеќе да ги обучуваат воените сили во оваа земја, но нема да ја повлечат мисијата.

-Решивме да ја потврдиме преодната одлука за суспендирање на оперативниот тренинг на малиските воени сили во националната гарда и да ја суспендираме испораката на воена опрема под Европскиот мировен фонд, која беше во тек, ова не значи дека го напуштаме Сахел, сакаме да направиме повеќе и подобро, и за тоа ќе ги пренасочиме ресурсите во соседните земји, ќе го намалиме присуството во Мали, нема да има веќе воена обука, соопшти Борел.

Идната недела на земјите членки ќе им биде поднесена стратешка ревизија на мисијата во Мали, но нема да има укинување на истата, бидејќи за таква одлука е потребна едногласност на сите 27 земји членки, што е многу тешко да се постигне.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе