ЕУ има нов план за мигрантите, промената е драстична

Околу прашањето за екстернализација на обработката на барањата за азил, во Европската Унија сè повеќе се формира консензус, изјави хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

„Тоа станува прашање околу кое се раѓа консензус“, изјави Божиновиќ по разговорот со новиот комесар за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер.

ЕУ бара иновативни решенија за управување со миграцијата и, меѓу другото, постои идеја за испраќање баратели на азил чие барање е одбиено во прифатни центри надвор од ЕУ, од каде би чекале да бидат вратени во земјите од каде потекнуваат.

Божиновиќ рече дека на новиот комесар му рекол дека пред пет години и предложил решение во оваа насока на неговата претходничка, поранешната комесарка Илва Јохансон и дека тогаш немало слух за тоа.

„Попрактично е и похумано“

„Мојата идеја беше административните процедури да се префрлат таму од каде што доаѓаат мигрантите, бидејќи е многу попрактично и похумано на некој што нема право на меѓународна заштита во ЕУ да му се каже ова во неговата земја, отколку кога тој веќе пристигна во Европа, што потоа создава низа проблеми“, рече Божиновиќ.

„Затоа, сигурен сум дека на крајот ова прашање ќе биде сфатено максимално сериозно и Хрватска ќе инсистира на тоа бидејќи е подобро, попрактично и похумано“, рече вицепремиерот и министер за внатрешни работи.

Во разговорот со Брунер се зборуваше и за можен нов предлог за директива за враќање на илегалните мигранти.

„Враќањето е едно од најважните прашања и нешто мора да почне да се применува во пракса“, вели Божиновиќ, додавајќи дека во тоа поголема улога треба да има Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс).

„Нашето мислење е дека Фронтекс треба повеќе да биде на терен и да се занимава со конкретни решенија за оние аспекти од мигрантската криза кои најмногу ја оптоваруваат Европа, а еден од нив секако е враќањето на илегалните мигранти“, рече тој.

Во 2019 година, земјите-членки постигнаа договор за предлогот за директива за враќање на илегалните мигранти, додека Европскиот парламент сè уште не го дефинираше својот став за тоа. Сепак, мнозинството земји-членки денеска сметаат дека договорот од пред пет години е застарен и дека Европската комисија треба да излезе со нов предлог.

Во октомври, Австрија и Холандија подготвија нон-пејпер, кој беше поддржан од 15 други земји-членки на Шенген зоната, вклучително и Хрватска, и бара од Комисијата нов законски предлог за поефективно враќање на илегалните мигранти.

Божиновиќ е првиот министер за внатрешни работи кој го прими новиот комесар Брунер, до неодамна австриски министер за финансии.

Тагови
реклама

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Read more

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Read more

Објавени списоците: Дали добивте субвенции за струја?

Read more

Свет

Аеродромот во Цирих воведува 3D скенери со најмодерна технологија

Read more

Најмалку 25 лица загинаа во голем пожар во ноќен клуб во Индија

Read more

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Read more

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Читај повеќе

Аеродромот во Цирих воведува 3D скенери со најмодерна технологија

Читај повеќе

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Читај повеќе

Левица: Владата во служба на финансиските елити - рекордни добивки за банките, беда за народот

Читај повеќе

Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист

Читај повеќе

Најмалку 25 лица загинаа во голем пожар во ноќен клуб во Индија

Читај повеќе

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Читај повеќе

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Читај повеќе

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Читај повеќе