ЕУ ја коментираше смртта на Навални

Лидерите на европските институции го обвинуваат режимот на рускиот претседател Владимир Путин за трагичната смрт на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

„Длабоко сум вознемирен и тажен од веста за смртта на Алексеј Навални. Ова е мрачен потсетник за тоа што го претставуваат Путин и неговиот режим“, објави претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен на социјалната мрежа Х. „Навални се бореше за вредностите на слободата и демократијата и се жртвуваше за своите идеали.“

„ЕУ го смета рускиот режим единствено одговорен за оваа трагична смрт“, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел рече дека е „потресен од медиумските извештаи за смртта на Алексеј Навални, храбар човек кој го посветил својот живот на спасување на честа на Русија, давајќи им надеж на демократите и граѓанското општество“. Тој, исто така, истакнува дека Путин е единствениот одговорен за смртта на Навални.

Веста за смртта на Алексеј Навални во петокот ја соопшти затворската управа на областа Јамало-Ненецки каде тој ја издржуваше затворската казна.

Федералната затворска служба на автономниот округ Јамало-Ненец на својата веб-страница објави дека Навални „се чувствувал лошо“ по петочната прошетка и „речиси веднаш изгубил свест“.

Во соопштението за медиумите се наведува дека бил повикан медицински персонал, но не можел да го реанимира. Причината за смртта на Навални се утврдува, додаваат тие.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Свет

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Камала Харис: Биби Нетанјаху го вовлече Трамп во војна

Read more

Фицо: Литванија и Латвија ми забранија да летам над нивна територија до Москва

Read more

Американската војска потврди дека ги предала сите главни бази во Сирија

Read more
 

Вести

Две деца повредени во судир на мотоцикли

Читај повеќе
  • filter

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Читај повеќе

Голем пресврт во Словенија: Нова шанса за Јанез Јанша да формира влада

Читај повеќе

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Додик: Нашата борба за слобода ќе заврши кога ќе се обединиме со Србија

Читај повеќе

Камала Харис: Биби Нетанјаху го вовлече Трамп во војна

Читај повеќе

Фицо: Литванија и Латвија ми забранија да летам над нивна територија до Москва

Читај повеќе

„Водовод“ со акција за отплата на долговите на рати од 20 април до 5 јуни

Читај повеќе

И денеска сончево време, од утре дожд и пад на температурите

Читај повеќе