ЕУ најави привремени царини на увозот на челик

Европската Унија е подготвена да воведе царини на челик, во случај на нагло зголемување на увозот, со цел да ги заштити европските произведувачи од секундарните последици на американските царини, објави Европската Комисија.

Најновите статистички податоци покажуваат дека увозот на челични производи во ЕУ, порасна после американското воведување на 25-отстотни царини на увоз на оваа сировина, истакнаа од Комисијата, после темелна анализа на трговијата во изминативе неколку години.

„Врз основа на досегашните резултати од истрагата, Комисијата смета дека е оправдано воведување на провизорни царини“, стои во соопштението на Европската Комисија.

Истрагата опфати 28 категории на челик и производи од челик, за да се потврди влијанието на променетите услови на пазарот. При започнувањето на истрагата, Комисијата истакна дека извозот на тие производи е зголемен на 30,6 милиони тони во 2017 година, односно за 11,8 милиони во споредба со 2013 година.

Истрагата се уште не е завршена

Истрагата не е довршена, но ЕУ според меѓународните трговски прописи може да воведе „привремени заштитни“ царини во период до 200 дена, ако заклучи дека зголемениот извоз предизвикал, или би предизвикал сериозни штети во домашниот сектор за челикот.

Од Комисијата денеска порачаа дека будно го следат и увозот на алуминиум во Европа, со цел да бидат преземени адекватни мерки, ако се укаже потреба за интервенција во тој сектор.

ЕУ исто така воведе царини на увозот од САД вреден 2,8 милијарди евра, вклучувајќи производи како бурбон и мотоцикли.

Кон почетокот на јуни започната е и жалбена постапка против САД пред Светската трговска организација, стои во денешното соопштение на Комисијата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе