ЕУ нити го потврдува, нити демантира наводниот нон-пејпер на Јанша

И покрај неколкудневните инсистирања од новинарите во регионот и од ЕУ кај прес службата на претседателот на Европскиот Совет за наводниот нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша во кој се планира поделба на Босна и Херцеговина и создавање голема Србија и голема Албанија, нема никаква реакција од Шарл Мишел.

Нон-пејперот, наводно доставен до Брисел од словенечкиот премиер Јанез Јанша, предвидува обединување на Косово и Албанија, припојување на делови од Република Српска кон Србија и на хрватските кантони во БиХ кон Хрватска, како начин за решавање на отворените прашања на Западен Балкан и забрзување на патот кон ЕУ и НАТО.

Документот денеска го објави словенечки медиум после неколку дена шпекулации за неговото постоење, но бидејќи станува збор за нон-пејпер тој не содржи никаков потпис, ниту име, а нејасно е ниту кога му бил предаден на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша демантираше дека постои таков документ, но од Европскиот Совет не стигна таков демант, иако не стигна ниту потврда, оставајќи простор за дополнителни шпекулации за овој контроверзен документ.

Во него се споменува наводно поделба на Босна и Херцеговина како и спојување на Косово со Албанија за да се финализира распадот на Југославија.

Словенечки медиуми тврдат дека е можно документот да му бил предаден на Мишел за време на последната средба на Вишеградската група од страна на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, за кој, исто така, се шпекулира дека е замешан во овој наводен план.

Последната реакција од кабинетот на Шарл Мишел попладнево до новинарите кусо гласи: „Ви благодариме за трпението, но, за жал, немаме никаков коментар за ова“.

Единствено од Европската комисија неколкупати повторија дека стојат на ставот дека никаква промена на границите не е прифатлива за Западен Балкан.

Словенечките европратенички Тања Фајон и Ирена Јовева порачаа дека овој став на Јанша е неприфатлив.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе