ЕУ обележува 60 години од Римскиот договор

Европската унија (ЕУ) денеска одбележува 60 години од потпишувањето на Римскиот договор со кој беше втемелена денешната Унија. Се очекува 27-те земји членки да го потврдат единството, солидарноста и заедничката иднина во ЕУ, која останува отворена и за другите држави.

Лидерите на 27-те земји членки денеска во Рим, заедно со челниците на институциите на ЕУ, ќе присуствуваат на церемонијата по повод 60-годишнината од воспоставувањето на Европската економска заедница, која подоцна ќе прерасне во ЕУ.

Европските лидери ќе направат пресек на досегашниот, заеднички пат, ќе го потврдат единството, заедничките интереси и вредности и да укажат на новите предизвици и приоритети на замјите-членки.

Ова треба да го содржи Декларацијата која лидерите на ЕУ ќе ја потпишат во Рим.

Иако самата Декларација не се однесува на конкретни решенија во однос на функционирањето на ЕУ, земјите-членки до последен момент имале „полни раце работа“, за да го усогласат текстот.

Во последниот нацрт текст на Декларацијата и тоа на самиот почеток е вметнат дел кој се однесува на проширувањето на ЕУ и на Западниот Балкан.

„Сакаме Унија која ќе остане отворена за оние европски земји кои ги почитуваат нашите вредности и кој истите ќе ги спорведуваат и промовираат“, се вели во воведниот дел од текстот на Декларацијата.

Во текстот не се споменува ниту исходот на дебатата која се води внатре во ЕУ околу петте можни сценарија за функционирање на Унијата во наредните 10 години, но дел од текстот укажува дека е можно да се продолжи по системот „Европа во повеќе брзини“.

Во седиштето на Маршаловиот фонд за САД, во Брисел, оценуваат дека доколку Европа сака да функцинира во „повеќе брзини“ дека тогаш ќе треба да им отвори нови можности на земјите кои преферираат членство во ЕУ.

„Тоа може на одредени земји да им овозможи да бидат дел од возот, иако тоа не е воз со луксузни туку со обични вагони. Значи можноста е тие земји да се придклучак кон европските држави кои делат некои заеднички политики, вредности и процеси, но не сите. Тоа може да биде поелсниот пат за некои од државите кои сакаат членство во Унијата. Другите земји од Балканот можат да бидат загрижени поради тоа што никогаш нема да стигнат да бидат дел од оваа група“, смета аналитичарката за европска политика Роза Балфур.

Понатаму во текстот на Декларацијата се обврзуваат дека ќе работат за оставрување на целта, а тоа е безбедна и сигурна Европа и Европа која ќе биде силна на меѓународната сцена. Крајот на Римската декларација ќе биде идентичен како и крајот на Берлинската декларација, која е потпишана во 2007 година, кога се обележуваа 50 години од Римскиот договор. 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе