ЕУ одобри 72,3 милиони евра за поддршка на Македонија

ЕУ додели 72,3 милиони евра помош за Македонија, со цел поддршка на демократијата и владеењето и зајакнување на економскиот развој и раст на земјата. Како што информираат од Делегација на ЕУ во Скопје, станува збор за  две програми финансирани од ЕУ. Европската комисија на 29 ноември годинава усвои Програма за активности за земјава за 2017 година. Финансискиот договор, пак, помеѓу ЕУ и Владата на Македонија за имплементација на годишната ИПА програма за 2016 беше потпишан на 30 ноември.

Клучни приоритети остануваат контролата на границите и миграциската политика, како и поефикасна борба против тероризмот и организираниот криминал. Посебно внимание ќе биде посветено на превенцијата од радикализам и насилен екстремизам. ЕУ подеднакво ќе ја поддржи и ќе ја поттикне реформата на јавната администрација, особено во делот на унапредување на транспарентноста и борбата против корупцијата, како и развој на електронски услуги за граѓаните чија цел е заштеда на времето, напорите и парите на граѓаните.

Овие нови средства од ЕУ наменети за компании, за советодавна поддршка и е-услуги за бизнис секторот се очекува да ги подобрат перформансите на приватниот сектор и да ги направат подинамични компаниите заради создавање повеќе и подобри нови работни места, како и подобрување на економскиот профил на земјата. Во исто време, планираните инвестиции во образовниот систем кои одат паралелно со иновативните мерки на пазарот на трудот ќе ја намалат разликата помеѓу понудата и побарувачката на трудот и ќе придонесат за намалување на невработеноста во државата. Подобрениот квалитет на едукативниот процес и на социјалните услуги ќе ги поддржат младите луѓе во земјата, како и најранливите категории граѓани преку креирање на перспективи за социјален и професионален развој.

„Овие фондови покажуваат колку сериозно ја гледаме иднината на земјата во ЕУ. Тоа е причината зошто инвестираме сега во унапредување на сите нејзини системи и нивно доведување до нивото на ЕУ-стандардите, не затоа што тоа го бара ЕУ, туку заради бенефит на секој еден граѓанин. Изгубеното време треба да се надокнади преку посилна посветеност на Владата и на администрацијата на реформите кои се спроведуваат и преку посилна инволвираност на луѓето во реформите. Одговорност е на секој еден колку далеку земјата ќе стигне“, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар во врска со доделувањето нови средства за Македонија од страна на ЕУ.

Од 2007 година досега земјата има добиено преку една милијарда евра од ЕУ-фондовите за поддршка на клучните реформи и инфраструктурата. Дополнителни 250 милиони евра ќе бидат алоцирани за земјата до 2020 година.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе