ЕУ предлага универзален полнач, Apple се загрижени

Европската Унија планира да воведе универзален полнач за мобилни телефони и таблети, според предлогот на Европската комисија претставен денеска.

Според предлогот, USB-C конекторот ќе стане стандардизиран полнач за сите паметни телефони, таблети, камери, преносни звучници и рачни конзоли за видеоигри, а полначите исто така ќе се продаваат одделно од електронските уреди, пренесува Reuters.

ЕУ работи на ова повеќе од десет години, а Европската комисија ги потенцира придобивките за животната средина и 250 милиони евра годишна заштеда за корисниците.

URL

Според Reuters, овој потег најверојатно ќе влијае на Apple повеќе отколку на ривалите на американскиот гигант.

Имено, корисниците на iPhone и Android уреди веќе долго време се жалаат на употребата на различни полначи за нивните телефони. Телефоните на Apple се полнат со помош на lightning кабел, додека уредите со оперативен систем Android се полнат со помош на USB-C конектор.

URL

Сепак, комисијата рече дека нема за цел да ѝ наштети на американската компанија и дека ја донела оваа одлука бидејќи компаниите не успеале да се договорат за заедничко решение и покрај десетгодишните разговори во кои бројот на полначи за мобилни телефони беше намален на три од 30.

Apple, сепак, го одби предлогот на Комисијата.

URL

„Ние и понатаму сме загрижени дека строгите регулативи што пропишуваат само еден тип конектори ја задушуваат иновацијата, наместо да ја охрабруваат, што пак ќе им наштети на потрошувачите во Европа и во целиот свет“, се вели во соопштението на американската компанија.

На предлогот му треба „зелено светло“ од земјите на ЕУ и законодавците на ЕУ, по што компаниите ќе имаат две години да ги прилагодат своите уреди.

URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе