Ракомет
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА ЖЕНИ ЈАПОНИЈА 2019

Еуфорична завршница: Холанѓанките се светски ракометни шампионки

15. декември 2019 - 15:09 | МИА/КАЈГАНА

Холандија ја победија Шпанија со 30:29 во финалето на Светското првенство во ракомет за жени, и за првпат во својата историја ја освои светската круна.

Холанѓанките го добија првото полувреме со 16:13, и предноста умешно ја одржуваа до крајот, па во своето второ финале, дојдоа до првата титула, откако освоија бронза на претходниот Мундијал.

Завршницата на финалниот меч беше драматична.

Шпанките при 29:29 имаа напад, но направија грешка, па противникот доби шанса за шест секунди да даде гол и да победи.

Во самиот финиш, беше досуден седмерец за „лалињата“ кој го искористи Абинг, и нивната огромна радост можеше да почне.

Коментирај