ЕурАктив-Тринаесет земји на ЕУ бараат да се отворат преговорите со Скопје и Тирана

Белград, 11 јуни 2019 (МИА) – Тринаесет земји-членки на ЕУ, воглавно нови членки од Централна и Источна Европа, Австрија и Италија, изготвија нацрт-документ со цел да го оживеат кредибилитетот на политиката на проширување на Унијата, пред сѐ кога станува збор за Западен Балкан. Документот, кој има форма на „нон-пејпер“, би требало да биде презентиран на состанокот на амбасадорите на ЕУ на 12 јуни во Брисел.

Зад документот стојат Естонија, Литванија, Латвија, Чешка, Полска, Словачка, Унгарија, Бугарија, Италија, Австрија, Хрватска, Словенија и Малта, објави ЕурАктив Белград (Меѓународна Интернет мрежа на агецијата Бета, посветена на активностите на ЕУ).

„Идејата е да се иницира покана за отворање на преговорите за пристап со Северна Македонија и Албанија, изјави за ЕурАктив неименуван дипломат од една од земјите вклучени во иницијативата.

Тоа е и  форма на притисок, која треба да укаже дека дилемата- дали ни е потребно прво зајакнување на ЕУ, а дури потоа проширување, е лажна и погрешна. Ако овие два процеса не одат рака под рака, ЕУ наскоро повторно ќе се соочи со Западниот Балкан, но за жал, на начин кој ќе биде многу пообемен и болен за двете страни“, објаснил дипломатот.

Европската комисија формално препорача отворање преговори со Скопје и Тирана, но оваа одлука треба да ја потврдат сите членки на Европскиот совет.

„Сѐ потешко е да се разбере оваа лажна дилема, бидејќи станува збор за отворање преговори, а не само за проширувањето. Запад очигледно ова не може да го разбере“, изјавил дипломатот за ЕурАктив.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе