Ракомет
ЕХФ ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ 2020

ЕУРО 2020: Дресовите на Швајцарците со имиња на 1.000 навивачи

15. јануари 2020 - 19:53 | Александар Бачиќ/МИА

Швајцарија не успеа во главната групна фаза на Европското ракометно првенство, но мал детаљ го привлече вниманието на јавноста, за што простор отстапи и Европската ракометна федерација (ЕХФ).

На бројките на дресовите со кои настапија нејзините репрезентативци во групата Ф во Гетеборг се испишани имиња на 1.000 навивачи како резултат на успешната кампања во пресрет на турнирот насловена како „Teamwork“.

Кампањата почна во октомври кога швајцарската репрезентација упати повик до сите навивачи да се регистрираат на нејзината интернет страница и на тој начин да влезат во игра за место на националниот дрес.

На апелот одговорија над 1.000 фанови чии имиња беа испишани во бројките на задната страна од дресовите. Целта на кампањата беше да се покаже дека репрезентацијата е повеќе од неколку лица на едно место, а како аспекти беа издвоени амбиција за победа, желба за најдобар можен ефект, борба до крај, одговорност и заедништво.

Коментирај