ЕУРО пехарот пристигна во Рим
Пехарот на УЕФА, кој на секои четири години ѝ се доделува на репрезентацијата победник на Европското првенство, ја почна турнејата низ градовите домаќини почнувајќи од Рим, градот кој ќе го отвори првенството.
Турата низ Вечниот град почна од Кампидољо, каде што се наоѓа и седиштето на Град Рим, потоа продолжи преку Колосеумот, ридот Пинчо, мостот Сант'Анџело и заврши на стадионот „Олимпико“.
Првиот натпревар е на 11 јуни помеѓу Италија и Турција и тоа на „Олимпико“ во Рим со почеток од 21 часот.