МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТЕН ТУРНИР СТРУГА 2022

Еурофарм Пелистер победник на 50. Струшки ракометен турнир

Екипата на Еурофарм Пелистер го освои 13. трофеј на Струшкиот ракометен турнир, израмнувајќи се со Вардар со ист број на титули, откако синоќа го совлада тимот на Цеље.

Поради лошите временски услови и лизгавиот терен на отвореното ракометно игралиште „Горан Попоски-Бабец“ од дождот што го прекина натпреварот, организаторот во договор со двете екипи одлучи победникот да се решава на пенали. Поуспешни или посреќни беа битолчани, кои во серијата од по 10 шута, победија со 7:6.

Во борбата за бронзениот медал подобар беше тимот на Татран Прешов, кој триумфираше со резултат 26:24 (17:17) против минатогодишниот освојувач на турнирот Вардар.

Грчки АЕК пак со победата над Алкалоид го освои петтото место 29:26 (16:13).

Домаќинот Струга заврши седма со победа над скопски Бутел со 26:24, пред домашната публика во спортската сала „Нико Нестор“.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Жарко Пешевски од Еурофарм Пелистер, неговиот тимски колега Урбан Лесјак е за најдобар голман, а најдобар стрелец на турнирот со 24 постигнати гола е македонскиот репрезентативец Филип Талески.

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе